Автомобил марка „голф“ вчера излетал од коловозот во атарот на село Варвара при што со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 12,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на село Варвара, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело.

Д.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.