Автобус „мерцедес“ удри во малолетен велосипедист. Според информациите на МВР, детето со тешки повреди било пренесено во болница.

Несреќата се случила вчера околу 17,40 часот во Скопје на булевар Србија кога автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од И.С.(26) од Скопје удрил во малолетен велосипедист од Скопје.

По незгодата, детето било пренесено во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.