Вчера на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул.„Лазо Дамовски-Ошенски“ автобус удри во 9-годишно дете.

Несреќата се случила околу 15.10 часот кога автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.