На пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево му се укажува помош на скопската клиника откако се повредил.

Од ТППЕ Берово информираа дека пожарникарот има повреда на грбот која ја здобил во самиот камп.

Австриските пожарникари и денеска се справуваат со пожарите на најкритичното подрачје во село Митрашинци во Беровскиот Регион, заедно со колегите од Словенија и од Бугарија.