Џип излетал од крстосница, тројца тешко повредени

110

 Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа  патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај  т.н. Мавровска крстосница – Маврови Анови, соопшти МВР.

Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени во Медицинскиот центар – Гостивар.

Полициската станица Гостивар изврши увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.