Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда во „Тревник“

463

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на судиите и обвинителите, особено по последната одлука на скопскиот кривичен суд за предметот „Тревник“.

– Видовте што стана со последната одлука во делот на противправното градење, како судијата ја толкува таа одредба. На такви судии не им е место во правосудството и Судскиот совет ќе треба во соодветна постапка да го испита тој дел – рече Јовески на прес-конференција.

Државниот јавен обвинител додаде дека судската пракса во тој дел е јасна, дека не се се бараат записници од инспектори за некој да биде ослободен од обвинение.

– Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градење – рече Јовески.

Тој вели дека поддржува процес во кој во рамките на обвинителството ќе останат чесните и тие со интегритет.