Јовановски: Русковска бараше од мене да пуштам новинари пред Обвинителството

226
Фото: Игор Бансколиев

Судијката Васка Николовска-Масевска даде пауза на денешното судење за „Рекет“, откако тоа го побара ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која ѝ се слоши.

Пред паузата, а по обвинувањата од Бојан Јовановски, кој кажа дека Вилма Русковска му јавувала кој ќе биде повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал, за тој да испрати новинарска екипа, таа ги повика институциите да ги истражат наводите.

Русковска побара од судот Јовановски да се осврне на доказите кои ги има за да докаже дека е невин во постапката за случајот „Рекет“, каде се гони за две дела, примање награда за противзаконито влијание, за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар – перење пари и други приноси од казниво дело.

– Недозволиво е да се навлегува во нечиј личен и приватен живот. Дали Русковска или некој друг направил кривично дело или криминал, нека истражат институциите. И јас барам да истражат – рече обвинителката Русковска.

Претходно, Јовановски говореше за пораки кои Русковска му ги испраќала на апликацијата „Ватсап“.

„Овој ми е одвратен, мора да го снимате, обавезно пушти новинар“, ми пишуваше Русковска за експретседателот на Судскиот совет.

Тој во исказот посочи дека повеќе пати се среќавал со обвинителката Вилма Русковска во „1ТВ“, каде разговарале додека таа пиела алкохол. Јовановски кажа и дека тој ја договорил Русковска да гостува во згаснатата „1ТВ“.