Бојан Јовановски познат како Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски денеска ќе седнат на обвинителна клупа на судењето за „Меѓународен сојуз“, кое почнува во во Кривичниот суд.

Јовановски е првообвинет во случајот, во кој обвинети се и неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и Ременски.

Јавното обвинителство претходно соопшти дека со дејствијата опишани во обвинението за кривичното дело „измама“ се товарат првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело „измама“ е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело „перење пари и други приноси“, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело. Обвинителството тврди дека обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови.

Предметот ќе го судат Васка Николовска – Масевска и Софче Гаврилова – Ефремова, истите судијки од случајот „Рекет“.