Јовановски в понеделник на распит кај Русковска

222

Бојан Јовановски в понеделник ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“, а третоосомничената Катица Јанева е предвидено во вторник да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.