Јапонци ограбени додека возеле велосипед меѓу Катланово и Брезница

643

Двајца Јапонци се ограбени додека со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, соопшти МВР.

Во СВР-Скопје вчера околу15:00 часот е пријавено дека на локалниот пат од Катланово кон Брезница на Јапонците Ш.К.(54) и Х.К (48), кои се движеле со велосипеди им се приближило патничко моторно возило „Форд“.

Три непознати лица излегле од возилото и физички ги нападнале, ги турнале од велосипедите и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.