Јанкуловска не дојде во суд – „Титаник“ одложен за 3 јули

67

Поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкуловска заради влошена здравствена состојба односно ризична бременост, рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули.

Како што информираше адвокатката на Гордана Јанкуловска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи била спречена да дојде на рочиштето поради состојбата во која се наоѓа, при што достави лекарска потврда. 

Јавната обвинителка Лиле Стефановска истакна дека во лекарската потврда не е наведена болеста за што е издадено тоа боледување и нагласи дека не е оправдано присуството. 

Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата, што денеска требаше да почне со изнесување на доказите. 

Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,…