Јанева денеска се враќа во Шутка

133
Фото: Игор Бансколиев

Адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, синоќа потврди дека Јанева денеска се враќа во истражниот затвор во Шутка.

По четири дена поминати во приватна клиника, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба, здравствената состојба на Јанева значително се подобрила.

Јанева во четвртокот беше однесена на кардиолошки преглед во приватна клиника, откако судот го одобри нејзиното барање да се јави на кардиолошко-интернистички преглед поради нарушената здравствена состојба.