Јанакиески се изјасни за невин на судењето за „Шпански скали“

148

Судскиот процес „Шпански скали“м во кој обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со уште 10 вработени во министерството, нотари, но и државен правобранител, за незаконската продажба на земјиште на плоштадот „Македонија“, почна денеска во Кривичниот суд.

Обвинетите се изјаснија дека не се виновни што не ги раскинале договорите со фирмата која требало да ги изгради шпанските скали на плоштадот, иако не биле испочитувани роковите за градба.

Јанакиески истакнал дека договорите не можеле да се раскинат. Тој го поставил и прашањето зошто не се обвинети и министрите што го наследиле.

Обвинителството утврдило дека штетата на буџетот е околу 2,6 милиони евра од продажбата на државното земјиште од еден хектар за 1,5 милиони евра.