Јанакиески: Ако не можете по магарето, удрете по самарот

474

Специјалното јавно обвинителство(СЈО) побарало притвор за поранешниот министер Миле Јанакиески, откако претходно добило сознанија дека тој би можел да се обиде да побегне од државата.

Кривичниот совет го уважил барањето на СЈО и му одредил притвор на Јанакиески.

На сето ова претходел обид на Јанакиески преку посредник да обезбеди прием кај претседателот на државата Ѓорге Иванов, сакајќи да издејствува амнестија за себе и за сите обвинети за кои се водат судски постапки од СЈО.

Откако Иванов одбил средба, Јанакиески навел дека би можел да побегне.

– По завршување на средбата, посредникот се упатил на средба со обвинетиот за да го пренесе ставот на претседателот. Од страна на изворот било посочено дека обвинетиот сметал оти амнестијата е последна шанса да се спасат од кривична одговорност и одлежување на затворските казни. Обвинетиот поседува банкарски сметки надвор од Македонија, со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата, за што навел дека ќе го стори тоа доколку не му биде дадена амнестија – се наведува во белешката.

– Старите велат, ако не можете по магарето, удрете по самарот – одговори денеска Јанакиески, запрашан од судијата на денешното судење за предметот „ТНТ“ дали е сега во притвор.