Шестмина осомничени за двата тона марихуана по полициската акција во Арачиново

1176

МВР во координација со ОЈО презема мерки и активности за акцијата разбојништво што се случи во петокот кога беа одземени два тона марихуана. Од МВР информираат дека осомничени се шест лица. По извршените претеси приведени се дел од нив, а најден е и дел од дрогата.

– По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот – рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.