Човек се самозапали во Кочани

951

Денеска околу пладне во трговскиот центар на Кочани маж на 40-годишна возраст се обиде да се самоубие. Тој се полеал со бензин, извадил запалка и се самозапалил, раскажуваат очевидци.

Присутните во трговскиот центар се обиделе да му помогнат со противпожарни апарати од соседните дуќани. Набргу пристигнале екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што повредениот е однесен во Општата болница во Кочани.

Според лекарите, повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје.