Четири лица приведени за вчерашното разбојништво во Тетово

57

Полицијата лиши од слобода четири лица осомничени дека се сторители разбојништвото кое вчера околу 09 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово по преземени мерки од слобода ги лиши М.М.(56) и Р.С.(35) двајцата од Италија и Е.В.(32) и Х.Л.(57) од Тетово.

МВР денеска соопшти дека исе работи за талијанскиот  државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. осомничени дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а Р.С.  поради сомнение дека извршила кривично дело „прикривање“.

– Првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20,000 евра, по што со такси возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите  осомничени, кои го чекале во непосредна близина. Набрзо, четворицата осомничени се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект каде престојувале, лишени се од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, се појаснува во соопштението.

Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.