Четири лица загинаа кај ресенско Крушје, патот во прекин

2370

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.

– Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. Заради тешката сообраќајна несреќа и отежнатите временски услови патот е во прекин, а на местото се врши истрага за причините на несреќата, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Таа најави повеќе детали за несреќата за во текот на утрешниот ден.