Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

112

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба, со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност.

– Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години.

Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40-тина години и е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентка, која е бремена, и` се вршат дополнителни испитувања.

Во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници – изјави Филипче.