Четворица мигранти од Авганистан откриени во воз на Табановце

77

Четворица мигранти од Авганистан синоќа откриени на граничниот премин Табановце во вагон на товарен воз кој сообраќал кон Унгарија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вработени во МЖ-Транспорт забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), О.М.(30), А.З.(19) и С.И.(33).

Мигрантите се однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.