Четворица малолетници нападнати на скопските улици

175

Вчера напладне на улицата „Венјамин Манџуковски“ двајца 15-годишници од село Арачиново и село Сингелиќ биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 18 години, јави МВР.

Уште еден сличен случај бил пријавен во полицијата вчера, кога двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години биле физички нападнати од страна на неколку непознати лица.  Вториот настан се случил на улицата „Методија Андонов Ченто“.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случаите.