Фрчкоска: Не се согласувам со испадите на Јанева, но таа е револтирана

228
Фото: Игор Бансколиев

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што ѝ се случуваат. Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.

– Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот – рече Фрчкоска.

Адвокатката на Јанева вели дека од ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.

– Од исказот на Лиле денеска можевме да добиеме впечаток и да изведеме заклучок дека ниту едно дејствие на Јанева не било противзаконско, туку сите дејствија се согласно нејзините законски овластувања и можности. Во еден дел, исказот на обвинителката ќе даде појасна слика за пуштањето на Јордан Камчев од притвор, каде гледаме дека со него од притвор биле пуштени уште пет лица. Ние сме задоволни од исказот на Лиле Стефанова, која потврди дека Катица Јанева не ѝсе мешала, ниту сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ‘Империја’. Јас сум убедена, а тоа и Лиле го потврди, дека сè до април месец не ни знаела за колку лица се води предметот ‘Империја’, што, пак, покажува дека обвинителката Лиле е оставена сама да го виде предметот – посочи Фрчкоска.

Во однос на изнесеното мислење од страна на Стефанова дека имало политичко влијание, Фрчкоска рече дека тоа ќе се расчисти со исказот на Јанева.