Физичка пресметка на двајца соселани од Кичевско

499
Фото: Зоран Антоски

Вчеравечер во средиштето на Кичево дошло до физичка пресметка на двајца соселани од Долно Строгомиште.

Нападот бил извршен на булеварот Ослободување од страна на Б.Р. (36) врз лицето Џ.М. (49), со што е нарушен јавниот ред и мир.

Против напаѓачот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, извести Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
З.А.