Фатен крадец што ограбил две аптеки во Гевгелија

286

Синоќа во 21.30 часот на автопатот А1, делница од Гевгелија кон село Прдејци, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(40) од Гевгелија, под сомнение дека истиот ден извршил тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид во две аптеки во Гевгелија. Тој бил задржан во просториите на Полициска станица Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.