Фатен затвореникот што избега од „Идризово“

754

Триесет и осумгодишниот Б.М. од Куманово, со престој во Градско, синоќа во Велес бил лишен од слобода.

МВР информира дека по него од 9 јануари била распишана централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа „Идризово“.

Тој ќе биде спроведен повторно во казнено-поправната установа.