Фатени двајца крадци што ограбиле пет маркети во Охрид

221

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица што се сомничат за пет кражби во Охрид.

Едниот е на 52-годишна возраст и е од Скопје, додека вториот осомничен е неготичанец на возраст од 28 години.

– Пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30 август до 15 септември 2019, во пет маркети во Охрид, каде влегувале со употреба на сила и одземале разни предмети. Првопријавениот, исто така, изготвил и лажна лична карта за да го прикрие својот идентитет – велат од МВР.