Ученик прободел соученик во средното училиште „Арсени Јовков“

452

Ученик во скопското средно училиште „Арсени Јовков“ бил прободен со остар предмет во пределот на рамото од страна на свој соученик.

Повредениот вчера утро бил донесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде случајот бил пријавен во полиција.

Повредата му била нанесена од 15- годишно лице од Скопје, кое учи во истото училиште.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.