Украден преносен компјутер, девизи и накит од стан во Скопје

626

Лап топ, 200 евра, разновиден златен накит, како и накит „Сваровски”, во вкупна вредност од 300.000 денари биле украдени од стан во Скопје .

Во полициската станица Бит Пазар Л.С.(47) пријавила дека вчера во времето од 13.30 до 18.05 часот во нејзиниот стан на улицата „Џон Кенеди” од страна на непознат сторител е тешка кражба при што е одземен лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит „Сваровски”.

– Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и ги одзел наведените предмети, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со протиправна имотна полза од околу 300.000 денари.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, наведуваат од МВР.