Украдени 20.000 евра од куќа во Кривогаштани

137

Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 3 до 8 часот во домот на 60-годишниот М.Ш.

Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите. 

Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.