Украдени 115 илјади евра од експозитурата на НЛБ Банка во Сарај

465

Украдени се околу 115 илјади евра од експозитурата на НЛБ Банка во Сарај.

Од НЛБ информираа дека грабежот се случил утрово, кога вооружена група разбојници упаднала во просториите лоцирани во ТЦ „Сарај Центар“. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.

-Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи, соопштија од банката.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули, во среда.