Украдени археолошки предмети кои се сметаат за државно културно наследство

120

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишник од Тетово, поради сомнение дека украл археолошки предмети кои се сметаат за државно културно наследство.

При полициски претрес во домот на пријавениот на уливата „Јордан Златановски“, службениците пронашле пронашле и одзеле предмети за кои Министерството за култура до СВР Тетово доставило известување во кое се наведува дека предметите се со статус на археолошки предмет како вид на движно културно наследство.

Тетовецот се товари за кривично дело присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.