Удрил во автомобил, па го мавал возилото со секира

451

Приведен е 23-годишник од Прилеп, со иницијали Е.М. кој удрил во паркирано возило, а потоа излегол и со секира го оштетил возилото, по што ги нападнал лицата кои биле внатре.

Случајот го пријавил 19-годишниот Е.А. кој кажал дека бил во неговото возило „голф 3“ кое било паркирано пред продавница во Прилеп, а со него биле и лицата С.О. и Е.Т..

– Нивното возило било удрено од возило „опел астра“ управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал, а со секира го оштетил возилото „голф“. Потоа пријавениот со возилото „опел астра“ удрил во две лица, роднини на оштетениот (тетка и братучетка). По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од Министерството за внатрешни работи.