Убиство при обид за грабеж во скопско Инџиково

569

Убиство при грабеж се случило во скопско Инџиково, синоќа околу полноќ, според неофицијални информации.

Како што пренесуваат повеќе медиуми, две маскирани лица упаднале во домот на 49-годишен жител на Инџиково, по што му побарале пари, а потоа го застрелале и избегале.

Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на жртвата на самото место.

Допрва се очекуваат повеќе детали за случајот од МВР.