Уапсен скопјанец кој ограбувал куќи во Чаир

93

Полицијата уапси 21-годишен скопјанец осомничен за кражби во куќи во Чаир како и за една џепна кражба. Судот му определи осумдневен притвор.

Според информациите на полицијата, по претходно добиено сознание дека лицето А.И. (21) од Скопје врши кривични дела од областа на имотни деликти, од страна на Единицата за внатрешни работи Чаир со прибирање докази за извршени кривични дела документирани се пет кривични дела и тоа: тешки кражби во куќи и едно кривично дело џепна кражба при што А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290 денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.

По претходно распишан локален распис по А.И. тој вчера околу 23.00 час бил уапсен.