Уапсено лице барано со потерница од Интерпол

127

На граничниот премин „Долно Блаце“ синоќа е уапсено лице кое се наоѓало на лисата со мерка „Апси“, информира МВР.

-На 25.05.2019 година во 18,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Р.С.Македонија лишен од слобода бил B.K.(29) од Косово бидејќи при проверка во стоп листата евидирал со мерка „Апси” по барање на Интерпол-СР Германија- наведуваат од МВР во дневниот билтен.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.