Уапсени три лица за тешка кражба во Арачиново

48

Полициски службеници синоќа уапсиле двајца малолетници и 22-годишно лице од с.Арачиново поради тешка кражба. Како што соопшти МВР, Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од с.Арачиново, синоќа околу 21.40 часот на ул.Трајко Китанчев извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле автомобилот „фолксваген пасат“ во кој биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети. Исто така, биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони.

Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.