Уапсени скопјани кои поседувале хероин и марихуана

59

Кај тројца скопјани вчера полицијата пронашла две кеси со хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

-Вчера околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот- информираат од МВР.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.