Уапсена скопјанка, членка на Исламската држава

341

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на Исламската држава (ИД).

Според информациите на МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Пријавената два пати, со умисла, заминала за Сирија, каде земала учество во активностите на терористичката организација Исламска држава. На 10 март, таа била депортирана со лет од Истанбул во Скопје.