Уапсена Катица Јанева

852

Полициски службеници упаднаа во домот на специјалната јавната обвинителка во скопската населба Козле.

Полициски возила можат да се забележат пред домот на Јанева.

Специјалната јавна обвинителка треба да биде однесена кај судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе одреди притвор или не.

Јанева од пред извесно време е осомничена во случајот „Рекет“ и за неа неофицијално има одредени докази, иако вчера се чинеше дека покрај сѐ таа нема да биде опфатена со случајот.

Иако нема информации што кажала вчера во Обвинителството, неофицијално се дознава дека според одредени докази до кои е дојдено, на неа е укажано како дел од синџирот за рекет.

Во 14 часот ќе биде одржана прес-конференција во Јавното обвинителство во врска со предметот „Рекет“, каде што ќе бидат соопштени деталите.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска, и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.