Тeшко повреден пешак, 13 сообраќајки вчера во Скопје

645

Еден пешак бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во осум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, а двајца возачи се санкционирани за неправилно престројување, односно за неправилно престигнување.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 18 нерегистрирани возила. Затекнати биле 61 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош.