Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

73

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота авенсис“, „шевролет матиз“ и „рено твинго“. Во несреќата повредени се тројцата возачи.

Со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ..

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. За време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.