Тројца повредени во судир на два мотоцикла на „Партизанска“

303

Две лица се повредени вчера во сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикла на бул. „Партизански одреди“ во Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на едниот мотоцикл, З.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Б.А. и неговиот сопатник А.М.(18) од Скопје на кои им била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.