Вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од М.П.(34) од Скопје, и возило „сузуки балено“ управувано од Ј.Ј.(47) од село Петровец, Скопско.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.