Во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат за Марков манастир помеѓу две возила, тешко е повредена малолетничка, која била сопатник во едното возило. Таа била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле и Р.М. и сопатник од истото возило Ш.М.(41), по што биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.