Тројно убиство во Дебар

545

Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж, неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт. 

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски, убиството се случило во семејната куќа на убиените.

– Трагичниот настан се случил околу три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба  ги застрелал сопружниците А.П.(54)  неговата сопруга Н.П. (54), а потоа и нивната четиринаесет годишна ќерка. По наредна на јавен обвинител од Гостивар, под чија надлежност е делото, телата се дадени на обдукција, изјави Димоски.

Според него истрагата треба да ги утврди мотивите.

Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на јавното обвинителство од Гостивар.