Три лица повредени во сообраќајна несреќа на Плетвар

157

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа при судир на две товарни возила што денеска околу 13.25 часот се случи кај превојот Плетвар, во близина на Каменоломот. Повредените се пренесени на лекување во прилепската градска болница „Борка Талески“.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола товарните возила се со кавадаречка и скопска регистрација.

– Во кавадаречкото товарно возило марка „Волво“ при несреќата бил само возачот, а во товарното возило „Марцедес“ со скопски регистерски таблички биле двајца патници, жители на Арачиново. Префрлени се на лекување во прилепската болница и се уште не се знае колкави се повредите, ниту се познати причините за несреќата – рече Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи полицијата. Сообраќајот сега се одвива непречено во двата правци.