Три лица на испитување во полициска станица поради пукањето во Чаир

142
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полицијата повикала на испитување три лица поради пукањето што се случи вчера на улицата Цветан Димов во Скопје.

На местото на настанот пронајдени се шест чаури и еден неиспукан куршум, велат од МВР.

Нема повредени лица.

Поради настанот, вчера улицата Цветан Димов беше блокирана.