Три лица загинаа по удар на воз во автомобил кај Романовце

153

Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР.

Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.

Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот. 

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово се уште вршат увид.
Сообраќајкот на овој патен правец е во прекин.