Три деца загинаа, а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца

410

Во семејна куќа во кумановското село Романовце утрово експлодирала плинска боца, по што, неофицијално, загинале три деца, а шест лица се тешко повредени.

Несреќата се случила околу 10 часот, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството.

Дел од повредените, поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските Клиники.

Во моментов увид на терен вршат јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе ги посети повредените, хоспитализирани на КАРИЛ.