Три вреќи марихуана пронајдени во „мерцедес“ во Тетово

185

На тетовската улица „Илинденска“, на 22 август, полицајци при преглед на автомобил „мерцедес“ со скопска регистрација пронашле околу 20 килограми марихуана.

Како што информираат од МВР, „мерцедесот“ бил управуван од 21-годишник од Дебар, а сопатник бил негов 27-годишен сограѓанин.

При преглед на автомобилот, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Двајцата дебрани биле уапсени и задржани во полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.


Приведен гостиварец во чија куќа бил пронајден хероин

Гостиватската полиција приведе 49-годишен жител на овој град кога во неговата куќа бил пронајден хероин.

Како што информираат од МВР, дрогата била пронајдена на 22 август при полициски претрес во куќа на улицата Мара Угриноска.

По целосно документирање на случајот, против 49-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.